Грчки ПАОК го исфрли португалскиот гигант Бенфика од Лигата на шампиони (ЛШ) откако вечерва славеше во третото квалифиациско коло на домашен терен со 2-1.
Јанопулос го доведе ПАОК во водство во 63 минута, пред Живковиќ да зголеми на 2-0 во 75 минута.
Силва беше стрелец за Бенфика во 94 минута, но беше предоцна за португалците да изборат продолженија.
Пласман во плеј офот вечерва обедбеди и Динамо Киев, благодарение на триумфот над АЗ Алкмар со головите на Родригез и Шапаренко во второто полувреме.
Стопроцентниот учинок на домаќините го заокружи белгиски Гент со победата над австриски Рапид од 2-1. Дорш и Јаремчук од пенал погодија за Гент, а Демир беше стрелец за гостите.
ПАОК за пласман во групната фаза во ЛШ ќе треба да го победи руски Краснодар, додека Гент во плеј офот ќе игра проитв Динамо Киев.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.