Темпераментен американски папагал, кој научил со клунот да отвора врати, пружил еден ден слобода на кенгур кој талкал по патиштата на американската сојузна држава Луизијана пред да биде фатен и вратен во живеалиштето.
Скитањето на кенгурот Бакстер го снимиле надзорни камери во градот Закари минатата среда и локалната полиција објави дека е фатен со помош на путер од кикиритки и вратен во живеалиштето во четвртокот утрото, пренесува локалниот телевизиски канал WBRZ-TV.
Сопствениците на Бакстер, кои порано имале зоолошка градина, сега водат непрофитно здружение, коешто ги лекува и враќа егзотичните птици во дивината. Рекле дека Бакстер живее со повеќе од десетина папагали од кои едниот, наречен Тор неодамна научил како се отвора вратата на неговото живеалиште .