(ВИДЕО) Папата Франциск се извини за ударот по раката на верничката

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, се извини во средата за своето однесување претходниот ден, кога го загуби трпението и ја удри по раката една премногу возбудена и упорна верничка.

„Трпеливоста е љубов. Понекогаш го губиме трпението, како јас вчера. И денеска се извинувам за вчерашниот лош пример“, изјави понтификот во средата обраќајќи се со традиционалната проповед пред верниците собрани на плоштадот на Свети Петар во Ватикан по повод Новата година.

Вечерта во вторникот една верничка го разлути папата Франциск, кој отиде на ватиканскиот плоштад Свети Петар да се восхитува на Божикните јасли поставени таму под смрека и да ги поздрави верниците.

Понтификот вообичаено се ракуваше со пристутните вернции и веќе имаше намера да се врати во папската комора, кога една верничка дојдена на аџилак неочекувано му ја зграпчи раката и силно го повлече кон себе. Во тој момент вообичаено пријателското лица на папата Франциск доби гримаса која покажа дека е изненаден и разлутен, па мораше да ја плесне по раката многу упорната верничка.

Видеото од инцидентот можеше да се види на ватиканскиот YouTube канал Vatican Media и брзо се рашири на социјалните мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=K0sqrW3Uu6k