ВИДЕО: Патници скокаат од брод што тоне

58

Авантуристичкото пловење околу два острови во Тајланд за 13 туристи беше вистински кошмар кога бродот почнал да тоне.

Во паника и исплашени од смртта патниците почнале да скокаат додека бродот „Аландин“ кој  веќе четврти ден бил на авантуристичко патување околу островите Бон и Тачаи со  љубители на нуркањето.

За среќа, во нивна близина имало уште еден брод, „Петар Пан“, чиј екипаж успеал да ги спаси несреќните патници.

Драматичната снимка ја направил  46 годишниот нуркач од Шведска Денис Карлсон, кој  бил да другиот брод.

Се’ уште не е јасно зошто малото бродче  потонало за само неколку минути, што значи дека ситуацијата била навистина сериозна. Дел од патниците по скокот успеале безбедно да излезат на површината, додека други биле повлечени надолу од вртлогот создаден од бродот кој тонел, па велат  вистинско чудо е што никој не загинал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.