(ВИДЕО) Пендаровски ќе присутвува на парадата во Москва

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, на покана на рускиот челник Владимир Путин, ќе присуствува на прославата на одбележувањето на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, која традиционално ќе се одржи на 9-ти мај на московскиот Црвен плоштад, пренесува во вторникот агенцијата ТАСС.

„Вашиот амбасадор повеќепати ме прашуваше дали навистина ќе дојдам. Дали можеби ми е потребно време уште еднаш да размислам. Воопшто не. Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Оттаму, секако, јас ќе бидам таму“, рекол Пендаровски на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаврвов на маргините од мировниот форум во Париз.

Парадата по повод Денот на победата во Москва е настан кој предизвикува големо внимание во светот, и чести коментари во врска со присуствата на светските челници. Следната година е јубилејна и се одбележува 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.