(ВИДЕО) Пендаровски како Заев, менува ставови по потреба

Не ни треба Европската унија ако цената е да не бидеме Македонци што зборуваат македонски јазик, вели во интервјуто шефот на државата Стево Пендарвоски кое ќе се емитува вечерва (1-ви мај) од 22 часот во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Пендаровски досега јасно се нема оградено од ставовите кои претходно седмицава во гостување на бугарска телевизија неговиот советник за надворешна политика, Денко Малески, ја призна наводната бугарска национална припадност на македонските револуционерни дејци Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков. Шефот на државата, исто така, не се изјасни дали Малески и натаму ќе биде дел од неговиот советнички тим, и покрај, според сега кажаното, имаат крајно спротиставени ставови.

Една од темите на интервјуто со Пендаровски се токму последните случувања во македонско-бугарските односи и нивното влијание врз преговорите за членство на Македонија во Европската унија.

„Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ“, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија.

Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.