(ВИДЕО) Пендаровски: Ниеден од кандидатите не оди за амбасадор

Претседателот на држасвата, Стево Пендаровски, во синоќешното гостување во „Само интервју“ на Канал 5, рече дека ниеден од списокот на потенцијални амбасадори нема да заминат на мандат во испразнетите амбасадорски места.

Тој рече дека од дваесетината кандидати, добиен е агреман за шестмина.

Но тие требаше да ги завршат правните и политички процедури, до распуштањето на Собранието на 16 февруари.

Во овој дел, Пендаровски објасни дека тие не ја поминаа процедурата на таканаречениот „хиаринг“ односно преслушување, бранење тези, пред пратениците.

Но бидејќи таа практика, тој демократски институт што се применува веќе 18 години, не е исполнет до распуштање на собранието, тоа значи дека никој нема да оди, објасни Пендаровски.