(ВИДЕО) Петков бара од Радев да го свика Советот за национална безбедност поради преговорите со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на Бугарија Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата со преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, пренесува БГНЕС.

Петков во видео-обраќање вели дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и усогласеност со коалицискиот договор на владејачката коалиција во земјата.

„Во Советодавниот совет за национална безбедност треба да учествуваат сите партии, сите служби и претседателската институција. МНР ќе поднесе извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија. За овој извештај следната недела ќе се расправа на редовниот коалициски совет“, истакна Петков.

Бугарскиот премиер потврди дека Владата нема да направи ништо врз основа на надворешен притисок и пред целосно разбирање на ниво на коалициски совет, длабока дискусија во Консултативниот совет за национална безбедност и јасен и потврден став на највисокото тело во бугарскиот парламент.

„Само Народното собрание го има конечниот легитимен мандат на тема Северна Македонија и тоа мора да биде апсолутно јасно за целото бугарско општество и за нашите надворешни партнери“, зкалучи Петков.