(ВИДЕО) Петмина исчезнати во невремето во Каталонија

Бројот на исчезнатите лице во поплавите предизвикани од поројните дождови во шпанската автономна покраина Каталонија се зголеми на пет, а еден маж го загубил животот, соопшти Службата за цивилна заштита.

На плажата Калдес д’Естрак, во провинцијата Барселона, пронајдено е тело на маж кој го повлекла струјата кога со својот автомобил се движел кон општината Аренес. Смртта на мажот го истражува каталонската полиција (Mossos de Escuadra).

Меѓу исчезнатите се и 70-годишна мајка и нејзиниот 40-годишен син во општината Вилаверд, потврдил градоначалникот на овој град Антон Англес, а уште две лица во Ла Есплуга де Франколи, потврдила полицијата. Двете општини се наоѓаат во провинцијата Тарагона.

Покрај тоа, спасувачите во средата трагаат по уште едно лице, возач на камиот со белгиско државјанство, кој исто така исчезнал во областа на Ла Есплуга де Франколи.

Уште неколку лица се повредени, според Службата за цивилна одбрана на Каталонија. Покраинските власти го прогласија четвртокто 24-ти октомври за ден на жалоста.

Сѐ уште без снабдување со електрична енергија се 10.500 луѓе, повеќето во општините Ла Есплуга де Франколи и Бреда. Во областа на каталонската престолнина Барселона евакуирани се неколку десетици луѓе, а некои училишта во областа се затворени.

Стихијата оштетила 47 патишта, а спасувачките служби примиле повеќе од 3.600 повици, а спасувачите регистрирале 2.600 различни инциденти.

Од обилините дождови кои започнаа во вторникот најмногу штета претрпела провинцијата Тарагона, во која е прогласен црвен метео-аларм. Циклонот кој ја погоди Каталонија од страната на Балерските острови, исто така, го зафатил и островот Ибица каде што се повредени три лица.