ВИДЕО: Пилотот на исчезнатиот авион на скенер пред фаталниот лет

94

Моментот кога пилотите на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ поминуваат низ обезбедувањето на аеродромот пред фаталниот лет е забележан од надзорните камери, пишува „Дејли меил“.

Камерата го снимила пилотот на „Боингот 777“, капетан Захари Ахмад Шах, и копилотот Фарик Абдула Хамид како поминуваат низ скенерот на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.

Обезбедувањето ги „претресло“ пилотот и копилотот на авионот кој што мистериозно исчезна на осми март со 239 патници и членови на екипажот.

Исто така, е наведено дека пилотот, татко на три деца, е „фанатичен приврзаник“ на лидерот на малезиската опозиција, Анваро Ибрахим, кој само неколку часа пред исчезнувањето на авионот бил затворен поради хомосексуалност. Жената и децата на пилотот го напуштиле семејниот дом еден ден пред исчезнувањето на авионот, укажува „Дејли меил“.

Во меѓувреме, американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека авионот можеби е исчезнат и дека е можно стотина патници да се киднапирани на непозната локација.

Не е отфрлена можноста двајцата или само еден од пилотите да е вмешан во исчезнувањето.

Претходно, било укажано дека е можно авионот да слетал и емитувал сигнали од земјата. Доколку авионот останал неоштетен и имал доволно електрична енергија, би може да испрати радарски сигнал.

Малезиската влада потврди дека авионот намерно го променил курост и дека можеби отишол дури до централна Азија, или јужно, преку Индискиот океан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.