Оскар Писториус, обвинет за убиство на својата девојка, се расплакал пред судот кода за време на рочиштето биле прикажани фотографии од Рива Стенкам облеана во крв.
Фотографиите биле прикажани за прв пат на судењето на Писториус, кое започнало минатиот понеделник во Преторија. Сведочеле неговите соседи, а форензичарите ги анализирале фотографиите.
Славниот атлетичар неколку пати повраќал слушајќи ги деталите од убиството и притоа плачел во судницата.
На параолимпцеот му пречело што фотографиите јавно се објавуваат и го замолил судијата повеќе да не му го покажува. На нив јасно се гледа подот со крв, а прикажано е’ и телото на Рива Стенкамп.
Оскар Писториус својата девојка ја убил на Денот на вљубените минатата година, а пред судот изјавил дека не се чувствува виновен бидејќи мислел дека станува збор за крадец. Засега, сите докази велат дека Писториус намерно ја убил својата девојка. Доколку го прогласат за виновен, би можел остатокот од животот да го мине во затвор.
Со нов сведок на 4 април ќе продолжи судскиот процес против јужноафриканскиот атлетичар.