(ВИДЕО) Питон проголта цел крокодил

На интернет се појави видео со грозоморни фотографии на коишто се гледа како питон целосно проголтува слатководен крокодил откако го вади големиот рептил од мрачните води на австралиско мочуриште.

Како што пренесува весникот Daily Mail, кадрите успеал да ги направи Австералиецот Мартин Милер на почетокот од јуни. Тој ја забележал и ја овековечил борбата на живот и смрт на двата предатора додека одел на пловење со кајак на палнината Маунт-Ајза.

На фотографиите е видливо како по должината на мускулната маса на змијата се отцртуваат останките на крокодилот.

Маслинесиот питон е втората најголема змија во Австралија, и според локалните зоолози, често примероци од овој вид ги напаѓаат крокодилите и покрај големата опасност.

Директорот на невладината организација GG Wildlife Rescue Inc., Мишел Џонс, којашто во својот дом одгледува два питона, објаснува дека нема ништо изненадувачки во овие сцени.

„Тие можат да јадат речиси сѐ што ќе го собере низ нивните челусти“, истакнува таа. И таа потврдува дека питоните честопати се обидуваат да се хранат со големи предатори, и покрај очигледниот ризик.