(ВИДЕО) По еден гол во полувреме за победата на Лион над Стразбур

Со домашната победа на Лион над Стразбур 2:0 (1:0), во петокот вечерта започнат третото коло на француското фудбалско првенство.

За водството на Лион во 42 минута прецизен беше Териер, а конечните 2:0 ги постави Траоре во 64 минута.

Лион со шест бодови од три натпревара е на четвртото место, а ист број бодови со меч помалку имаат ПСЖ, Ним, Дижон и Ремс. Стразбур остана на четирите бода освоени во првите две кола и се наоѓа на деветтото место.

Во саботата на распоредот се шест натпревара од третото коло, а се среќаваат ПСЖ – Анжер, Амиен – Ремс, Монпелје –Сен Етјен, Нант – Кан, Ница – Дижон и Тулуз – Ним.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=l3E7wsZHKlY