(ВИДЕО) Почесно место во ФФМ за историскиот завршен коментар на Тони Стојановски од МТВ

ФФМ му укажа посебна чест на коментаторот Тони Стојановски за неговите завршни зборови по победата против Грузија во Тблиси и историскиот пласман на ЕУРО 2021.

Македонија има врвни спортски коментатори, Тони Стојановски од МТВ со обединувачки зборови по средбата со Грузија заедно со македонската фудбалска репрезентација и ФФМ испиша историја и ги поттикна сите да ја сакаат репрезентацијата и да навиваат за неа.

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини во друштво со Стојановски од името на федерацијата му порача:

“Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште.”

Честа е наша, Тони Стојановски!

Ви пожелуваме среќна и здрава Нова година!