(ВИДЕО) Почина најпопуларниот индиски актер од Ковид-19: Пред смртта сподели вознемирувачко видео

Индискиот влогер и актер почина од последици од ковид-19 набрзо откако ја објави последната снимка во која ја критикува состојбата и медицинската нега во болницата во која се наоѓал.

Рахул Вохра (35) починал во неделата во болница во Њу Делхи каде бил примен на почетокот на мај.

Неговата сопруга Џоти Тивари ја споделила веста за смртта на Рахул во понеделникот во објавата на Инстаграм, со видеозаписот кој актерот го снимил во болничкиот кревет.

На снимката Рахул се гледа со маска за кислород.

– Ова е во моментот исклучително вредно. Без ова пациентите страдаат. Обидете се да ги повикате дежурните, но тие не доаѓаат. Доаѓаат за еден час или повеќе и мора некако да се изборите со нивното отсуство – истакнал тој во видеото.

Смртта на Рахул следуваше откако во Индија дојде до најнови трагични сцени кои ги откриваат размерите на кризата во таа земја. Имено, во реката Ганг откриени се 150 тела, а како што се сомнева, на жртви на ковид-19 чии семејства не можеле да ги погребаат или кремираат.

Индија се бори со колапс на здравствениот систем, недостаток на места во болниците и крематориумите.