(ВИДЕО) Почина првата победничка на Евровизија

Швајцарската пејачка Лиз Асиа, првата победничка на Големата награда на Евровизијата во 1956 година почина во саботата во 94-та година од животот, објави официјалната интернет страница на ова меѓународно музичко натпреварување.

Асиа победи со песната „Refrain“, и сѐ уште е единствената Швајцарка која победила на Евровизија, иако Швајцарија беше победник и во 1988 година, но тогаш благодарејќи на Канаѓанката од француското говорно подрачје Селин Дион и нејзината песна „Ne partez pas sans moi“.

Интересно е што на првиот натпревар на Евровизија настапила р две песни, покрај победничката на француски јазик и со „Das alte Karussell“ на германски јазик. Истата година настапила и на западногерманскиот избор за песна на Евровизијата, но немала особени успех.

Асиа учествувала и на натпреварувањата во 1957 со песната на француски јазик „ „L’enfant que j’étais“ и во 1958 година, но не оствари победа, но сепак во 1958-та со песната „Giorgio“, на италијански јазик, била високо пласирана на второто место, додека претходната година била осмопласирана. Една од најпопуларни песни во нејзина изведба е шлагерот „Oh, mein Papa“.

Сценската кариера ја започнала како танчарка а од 1940 година почнала да настапува и како пејачка. По Втората светска војна своите први гостувања ги имала во Париз, а потоа станала многу популарна пејачка во тогашната Западна Германија.

Во 1963 година се омажила за Данецот Оле Педерсен, сопственик на мал синџир хотели и започнала да се занимава со бизнисот на сопругот. По неговата смрт во 1995 година повторно се враќа на сцената, па во 2007 година победува на швајцарскиот фестивал Grand Prix der Volksmusik, настапувајќи во дует со пејачката Беатрис, по што го освојуваат 12-то место на финалето на истото натпреварување во Виена.

Во 2011 година повторно учествуваше на националниот избор за Евровизија во кој дојде во финалниот избор во Кројцлинген кога го освои 8-то место. Последните години живееше на францускиот азурен брег во Кан.

Родена е со вистинско име Роза Мина Шарер, во кантонот Аргови во северна Швајцарија. Починала во болницата во Цоликерберг, близу Цирих.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.