ВИДЕО: Загина целиот екипаж на воен авион во Сибир

Деветте членови на екипажот на руски авион загинаа во несреќа која се случила во сибирската воена база во близина на Иркутск.

Според информациите од руските медиуми, во авионот имало само екипаж, за жал нема преживеани. Од таму додаваат дека нема жртви меѓу персоналот на воената база.

Антонов „AV-12“, во кој немало патници летал од Новосибирск да Иркутск, пренесе АФП.

Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, авионот при падот ги срушил покривите на две помали складишта за муниција.

Медиумите јавија дека авиoнот пренесувал оружје и дека се срушил при обидот да слета во воената база.