ВИДЕО: Погледнете го падот на данската премиерка

Елегантно облечена, со чизми со високи потпетици, Хеле Торнинг-Шмит убаво се симнувала до последната скала, а потоа нешто се случило.

Премиерката на Данска, Хеле Торнинг-Шмит, која вчера учествувала на Маршот за солидарност во Париз, се лизнала на скалите на Елисејската палата во Париз, каде што била во знак на протест поради терористичкиот напад на редакцијата на сатиричниот весник “Charlie Hebdo”.

Елегантно облечена, со чизми со високи потпетици, 48-годишната Торнинг-Шмит, убаво се симнувалa до последното скалило. Тешко е да се претпостави зошто “ѝ се преплеткале нозете на тој начин”, пишува New York Daily News. На последната скала таа паднала и се задржала на своите раце и колена.

Сепак, таа изгледала неповредено додека колегите ѝ помагале да стане.