(ВИДЕО) Погребани двајца од осумте млади настрадани во БиХ

Роднините, пријателите и многубројни мештани ги испратија во неделата во Посушје на последното почивалиште двајцата млади Мирела Рези и Стјепан Јукиќ, а телата на шесте нивни другиари кои исто така починаа по задушувањето со гас на новогодишната ноќ, ќе бидат погребани во понеделник во местото Ракитно.

Главниот викар на мостарско-дуванската бискупија, дон Жељко Мајиќ, изјавил за локалните медиуми дека цела Херцеговина во петокот потонала во тага.

Началникот на полицијата на Западнохерцеговската жупанија на БиХ, Милан Галиќ, изјавил за медиумите дека најверојатно осумтемина млади починале во несреќен случај кој се одиграл во новогодишната ноќ во местото Тирнистово кај Посушје.

Во саботата бил извршена и обдукцијата, од којашто наодите се испратени на токсиколошки вештачења.

Во понеделник во местото Ракитно ќе бидат погребаини Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Тинејџерите, сите на возраст од 19 години, најверојатно починале како последица од задушување со гас за уред за електрична енергија и затоплување. Нивните тела ги пронашле соседите откако утрината тропале на вратата за да ги проверат, бидејќи со часови никој не излегол од викендичката. Откако никој не им отворил, го скршиле едниот прозорец и влегле, тогаш ги виделе безживотните тела.