(ВИДЕО) Пол Џорџ фантастичен во дебито, Дончиќ испиша историја

За првпат од април по операцијата на рамото, Пол Џорџ конечно се врати на терените и тоа на најдобар можен начин. Во дебито во дресот на ЛА Клиперс постигна 33 поени и 9 скока, но за жал тоа не беше доволно за да се совлада Њу Орлеанс на гостински терен (132-127).

Ова беше втор пораз во низа за Клиперси, додека само трета победа за Пеликас, кои се наоѓаат на 14. место во Западната конференција.

На оваа средба Клиперс беа без помошта на Кавај Ленард. Во редовите на домашниот тим најефикасен беше Холидеј со 36 поени и 7 асистенции, Џексон запиша 23 поени од клупата.

Далас не успеа да го мине жешкото гостување кај Њујорк, беше совладан со 106-103. Мечот беше посебен за Порзингис кој се врати во „Медисон Сквер Гарден“, но како член на Маверикс. Летонскиот кошаркар четири години го носеше дресот на Никси, по што одлучи дека е време за разделба. Средбата ја заврши со 20 поени, недоволни да се добие овој меч.

Лука Дончиќ продолжува да блеска во НБА-лигата. Во поразот на својот тим постигна 33 поени, 10 скока и 11 асистенции и постана вториот играч по Меџик Џонсон кој успеал на овој терен да стигне до трипл-дабл пред да наполни 21 година.

Резултати:
Кливленд – Мајами 97-108
Милвоки – Чикаго 124-115
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 132-127
Њујорк – Далас 106-103
Феникс – Атланта 128-112
Денвер – Бруклин 101-93.