Видео| Полицaјци не реагираат иако лице долго време држи вперен пиштол кон демострантите

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот кај вчера се случи кај плоштадот ,,Скендербег”, кога групата демонстранти се упатува кон Владата.

Од видеото се гледа група луѓе кои стојат пред хотелот „Де Кока“ на платото на паркингот „Скендербег“ и фрлаат со шишиња кон демонстрантите, по што доаѓа до судир меѓу двете групи.

Едно лице вади пиштол и пука во воздух.

Лицето е уапсено откако долго време држеше пиштол во рака вперен кон демонстрантите.