(ВИДЕО) Полицајци од Њујорк и Мичиген солидарна со демонстрантите и покажаа дека не подржуваат насилство

Неколку полицајци во Њујорк и полицајци од округот Флинт во Мичиген клекнаа на улица со демонстрантите кои протестираа против смртта на Афроамериканецот Џeорџ Флојд. Полициските службеници сакале да покажат солидарност и да покажат дека не се за насилство.
Неколку полицајци во Њујорк клекнаа заедно со мирни демонстранти на тротоарот и му оддадоа почит на починатиот, пренесува Си-Ен-Ен.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, може да се слушнат извиците на собраните „благодарам“, упатени до полицијата.
Демонстрантите потоа ја опколија полицијата и клекнаа со нив, додека пак еден од демонстрантите  гласно ги изговора имињата на другите починати Афроамериканци.

Шерифот на округот Флинт во Мичиген, излезе без панцир и оружјеи  исто така клекна пред демонстрантите, кои им рече: „Јас и моите луѓе ве сакаме“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.