Видео| Полицаец крвнички тепаше граѓанин на протестот пред Собрание

На вечерашниот протест против францускиот предлог пред Собранието, ескалираа ситуацијата откако демонстрантите фрлаа со разни предмети по кордонот на полицијата пред зградата.

Имаше и директен судир меѓу демонстрант и полицаец. Видео снимката се појави на социјалните мрежи и на неа се гледа како специјалец крвнички удира еден граѓанин кој демонстрираше.

Видеото предизвика бројни коментари: „Кого тепате вака бре, ало, одродени“… „фашистичка полиција“…„Македонска полиција тепа недолжен Македонски народ,зашто не сака да стане бугар што протестира слободно и сака да остане Македонец,Македонија и Македонски јазик и култура Оваа проклета и фашистичко-одродена власт“…„крвници џандарски“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.