32.8 C
Skopje
понеделник, јули 15, 2024

(ВИДЕО) Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд, денеска се појавува на суд

Денеска во Хјустон  ќе се одржи третата и последна комеморација за Џорџ Флојд. Тоа се случува во градот каде што пораснал пред да се пресели во Минеаполис, каде што беше убиен од полицаец за време на апсењето.

Станува збор за офицерот Дерек Шовин, кој му клекна на вратот на Флојд и остана така скоро девет минути додека Флојд моли за својот живот.

Шовин денеска ќе се појави на суд за прв пат. Тој беше обвинет минатиот месец за убиство со предумисла.

Во американскиот правен систем, некое лице може да се гони по неколку точки, од најтешката опција, за убиство со предумисла во овој случај, до убиство, што е најлесно во овој случај. Ако судот и поротата не го осудат лицето по првото обвинение, сепак може да го обвинат на второто.

Останатите тројца полицајци вклучени во смртта на Флојд – Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Ту Тао – се обвинети за помагање и поттикнување на убиства од втор и трет степен.

Смртта на Флојд доведе до бран протести против расизмот и полициска бруталност низ целиот свет.