ВИДЕО| Полиција во ГТЦ – Во подрумите се копале криптовалути на див приклучок за струја?

Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва покрена полициска акција во подрумските простории на Градскиот трговски центар во Скопје, а според првичните информации што ги објави ТВ21, наводно во подрумите на трговскиот центар се ископувале криптовалути на див приклучок на струја.

Според порталот Инфомакс, пак, во магацинските простории имало десетина компјутери за копање криптовалути, а кои биле диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ. Наводно, синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам неофицијално е вмешан во нелегално копање на криптовалути во центарот на Скопје.

За потрошената електричната енергија плаќаат дуќанџиите во ГТЦ.

Неофицијално магацинот е под закуп на семејството Бајрам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.