11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

(ВИДЕО) Полицијата во „Заевистан“ пак тепаше граѓани

Тепање на Роми во Битола од страна на полицијата, а вечерва на социјалните мрежи се појави уште едно тепање на граѓани од страна на полицајци, како што се вели во коментарите пред девојката или сопругата.

Споделувачот на видеото не наведува во кој град на Македонија е ова и кога се случило, туку го нарекува видеото „Заевистан“.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе.

Засега властите молчат речиси целиот ден за срамната бруталност на полицајците во Битола, а камо ли да се огласат за вечерашниот настан кој повторно ја згрози јавноста, погледнете.