(ВИДЕО) Полициска репресија, или партиската полиција на СДСМ се пресметува со неистомислениците во Битола

Како се наближуваат изборите пораките се се’ посилни за неистомислениците во Битола. Од видеото се гледа како човек брка друг човек околу возило додека ги мести гумите на автомобилот. Битолчанецот кој чувствува дека ќе биде физички нападнат инсистира од вулканизерот да повика полиција.

На видеото може да се слушнат гласови: „Не бегај како пи..а“, а нападнатиот бара од сопственикот да повика полиција.

Настанот се случил денеска околу 12:45 часот, а во него е вклучен полицаецот Живко Аспов. Да потсетиме дека токму тој и неговата ќерка на нејзината свадба пукаа со службениот пиштол пред очите на началникот на СВР Битола Славко Јовановски.

За среќа, не се случи потежок инцидент.

Во текстовите од септември оваа година се наведуваше дека Аспов имал кривични пријави и се поставуваше прашањето како е можно тој да поседува оружје.

По денешната случка се поставува прашањето дали Аспов исполнува партиски задачи на СДСМ или, пак, толку е силен, па никој ништо не му може.