(ВИДЕО) Полските навивачи предизвикаа нови безредија во Скопје

Навивачите на полската фудбалска селекција која во петокот вечерта во Скопје со македонската репрезентација ќе се сретне во рамките на европските квалификации, на неколку часа пред почетокот на дуелот во Градскиот парк предизвикаа нови безредија.

Група на навивачи поладнево два часа пред натпреварот со вулгарни зборови меѓу себе и надвикување во обид повторно да предизвикаат физичка пресметка ги вознемирија граѓаните на Скопје кои шетаа низ Паркот франкофонија.

За среќа има и такви меѓу нив кои се обидоа да не дојде до тепачка, па толпата со викање се упати кон градскиот стадион. Полиција во и околу паркот нема, а секојдневно деца и граѓани го поминуваат поладнето токму овде.

Хаосот со полските навивачи, кој почна вчера со нивна меѓусебна тепачка на скопскиот плоштад поради која имаше и приведени од полицијата, продолжи и денеска со оглед на неофицијалните информации кои доаѓаат за голем судар на хулиганите со припадниците на македонското МВР кои ги обезбедуваат.

Според очевидци, поголема група фанови на селекцијата на Полска, која вечерва ќе ѝ гостува на Македонија во меч од квалификациите за ЕП 2020, се степале со полицајците кај Владата во обид да тргнат кон скопската Чаршија. Дел од хулиганите биле спречени, но дел од нив успеале да се упатат кон овој дел од градот, каде што и синоќа правеле проблеми.

Според наши извори од МВР, Полјаците се качувале на споменикот Скендербег и за малку бил спречен голем конфликт со скопјани од албанска националност кои се нашле во близина, на кои не им се допаднало нивното однесување.

Натпреварот почнува во 20.45 часот, што значи дека би можело да дојде и до нови инциденти со воинствените полски хулигани.

https://www.youtube.com/watch?v=-MyuO5MyYKA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2LbNiwP4eaf_XhgHvb39BWB208-JQPnlJ2UgYbb28EqMpw0x4Wxsq24Dw