(ВИДЕО) Поплавени улиците во Скопје по невремето

2911

Силно невреме го зафати вечерва Скопје, при што ги поплави градските улици и булеварите и предизвика поголеми тешкотии во сообраќајот.

На снимки од Кисела Вода се гледаат вистински реки и преплавени шахти на атмосферската канализација, а поплавени се речиси сите улици во наслебата.

Состојбата ништо не е поразлична и во другите скопски населби.

Од УМР за утре прогнозираат нестабилно време со можни слини локални врнежи кои може да предизвикаат слив на поголемо количество вода во градските средини. Метеролозите очекуваат стабилизација на времето од понеделник.

Фото/ видео: А1он.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.