(ВИДЕО) Поради Брегзитот холандската полиција им ги запленува сендвичите на британските возачи

Новите правила по брегзитот стапија на сила и на изненадените британски возачи овие денови на влегувањето во Европската унија холандската полиција им ги запленува сендвичите, објави во вторникот BBC.

На снимките од холандските телевизии кои ги емитуваа британскиот јавен сервис и другите медиуми, се гледа како граничната полиција им ги објаснува на возачите правилата за увоз воведени откако Велика Британија официјално истапи од Европската унија.

Според тие правила, патниците кои влегуваат во ЕУ не може да внесуваат месо и млечни производи. Но очигледно тоа ги збунило возачите.

„По брегзитот повеќе не можете во Европа да внесувате одредени видови храна, како што се месо, овошје, зеленчук, риба и такви продукти“, му вели холандски граничен полицаец на британски возач во прилогот на телевизијата NPO1.

Во делот од прилогот се гледа како полицаец го прашува возачот дали во пакуваниот сендвич има месо. Кога возачот потврдно одговара, полицаецото вели „Во ред, ќе ви го земеме“.

Изненадениот возач потоа прашува дали може барем да го задржи лебот на што полицаецот му вели „Не, сѐ ќе земеме“ и саркастично додава „Добредојдовте во брегзит, жал ми е“.

Обединетото Кралство формално се одвои од ЕУ на 31-ви декември. Од 23 часот тој ден за нејзините граѓани и компании повеќе не важат правилата на ЕУ и на сила стапуваат за нов нови, кои се однесуваат и на другите европски земји кои не се членки на блокот, а кои се однесуваат на патувањата, трговијата, имиграциите и безбедносната соработка. Излегувањето на Битанија доведе и до големи промени за економиите, бидејќи сега станува збор за два одвоени пазари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.