(ВИДЕО) Поради заборавност на пилотите трисетина патници прокрвареа во авион

Триесетина патници на индиски патнички авион прокрвареле во четвртокот од носот и ушите бидејќи екипажот заборавил да го активира изедначувањето на притисокот во кабината, поради што авионот морал да слета.

Со 166 патници и пет членови на екипажпт, авионот од типот „Boeing 737“ на летот од Мумбаи до Џајпур на индиската воздухопловна компанија „Jet Airways“ се вратил на своето почетно одредиште по повеќе од половина час по полетувањето утрово, откако се јавиле алармантнисимптоми кај патниците.

На видеоснимка објавена на индиските телевизии се гледаат призори во кои владее смртна тишина во кабината, а патнциите носат маски со кислород откако системот за принудно слетување автоматски се актвирал .

„Панична состојба поради технички проблени на @jetairways 9W 0697 од Мумбаи до Џајпур. Авионот се вреќа во Мумбаи по 45 минути. Сите патници се на сигурно, а меѓу нив и јас“, напишла еден од патниците во твит порака од аеродромот на индиската финансиска престолнина.

Лекарите ги прегледале сите падници по слетувањето. Компанијата објави и дека веднаш ги суспендирала пилотите до завршување на истрагата и оти ги пренасочила на други летови

Цивилното водухопловство бележи бизарни инциденто во Инбдија. Во јануари истата компанија „Jet Airways“ отпушти два пилота бидејќи накусо ги напуштиле кокпитот во текот на летот поради жестока кавга.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.