(ВИДЕО) Пориер му го нанесе првиот нокаут на Мек Грегор

Американскиот фајтер, Дастин Пориер излезе како голем победник во пресметката против контроверзниот Конор Мек Грегор во главната борба од УФЦ 257 категоријата во мечевите одржани во Абу Даби.

Американецот со нокаут во втората рунда го патосираше Мек Грегор и го доби овој натпревар со што стана првиот УФЦ борец кој му нанел нокаут на Ирецот.

Поирие беше поубедлив во текот на целата борба, а моќта ја покажа по две минути и 32 секунди игра во втората рунда.

Ова за Мек Грегор беше вкупно петти пораз во кариерата, прв заработен со класичен нокаут, додека Поирие ја оствари својата 27 победа.