(ВИДЕО) Поткуп на гласачи во Струмица, Вице Заев во полициска станица да ги вади поткупувачите?

Во Струмица бил откриен поткуп на гласачи и непочитување на полицискиот час од страна на активисти на владејачката партија.

Се шпекулира дека власта утрово се обидува да сокрие случај на поткупување гласачи и непочитување на полицискиот час, кој полициските службеници го констатирале на територија на општина Струмица.

Полициски извори од СВР Струмица утрово за медиумите брифираат дека настан во кој се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ по секоја цена треба да биде сокриен и да на биде евидентиран во полицискиот билтен.

Во меѓувреме неофицијално дознаваме и дека Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лично бил во полициска станица да влијае на полицајците да ги ослободат поткупувачите. Од СДСМ не беа достапни да ја потврдат ниту демантираат оваа информација.

Изворите информираат дека станува збор за случај на еклатантно кршење на законите во кој е констатирано злоупотреба на полициските дозволи и за неговото прикривање интервенирале бизнис моќници од Струмица кои се блиски до партијата на власт.

Во моментов се врши притисок врз полициските службеници да из вршат промена на записниците каде што е констатиран пропустот, а за случајот е запознаен и врвот на МВР кој е близок до СДСМ.

Нашата редакција упати прашања до Министерството за внатрешни работи со цел целосно расчистување на случајот.

Во скопско Ѓорче Петров, пак, се дели брашно на големо, тоа може да се забележи и од снимката која се појави утрово на социјални мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.