(ВИДЕО) Поткyп во Чашка, забележан министерот Оливер Спасовски

Синоќа на полноќ започна изборниот молк за локалните избори кои ќе се одржат утре, 17 октомври. Редакцијата на Инфомакс внимателно ја следи состојбата на терен на неколку критични локации во врска со почитувањето на изборниот молк. Досега се забележани неколку прекршувања како отворени партиски штабови на партија од власта, како и обиди за агитирање.

Екипа на „Инфомакс“ која денеска го следела гласањето во Велес на затворениците, старите, изнемоштени лица, како и болните од ковид, снимила нелегални активности како поткуп, а го забележала и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е член на политичка партија од власта.

„Денес во велешко е релативно мирно. Според информациите на Држжавната изборна комисија гласањето на затворениците, старите, изнемоштени лица, како и болните од ковид и оние во изолација се одвива без никакви пречки. Изборниот молк го прекрши министерот за внатррешни работи, Оливер Спасовски, кој попладнево беше во посета на неколку села во општина Чашка, каде што, според лични сведоштва, имаше поткуп на гласачи, но никој од нив не сакаше јавно да зборува пред камера. Екипата на Инфомакс останува на терен да го следи спроведувањето на изборниот процес, сѐ до утре недела, 17 октомври“, известува  Инфомакс.