(ВИДЕО) Потврдено ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија се жртви во сообраќајна несреќа

406

Потврдено е дека ќерката Марија, на 25-годишна возрат и внукот од брат Методи, на 26 годиним, на македонскиот конзул во Италија се двете загинати лица кои утринава го загубија животот во сообраќајна несреќа кај Пијаченца.

Нивниот автомобил „рено клио“ од засега непознати причини удрил во дрво. Автомобилот веднаш се запалил и двајцата братучеди не можеле да излезат.

Марија Витанова, според италијанските медиуми, била во Италија во посета на роднини. Вчера била излезена со својот братучед. Несреќата се случила на пат кон неговата куќа.

Според пишувањата во италијанските медиуми, местото каде се случила собраќајната несреќа важи за кобно место на кое за десет дена се случиле три сообраќајни несреќи со фатални последици.

Братучедите кои загинале во сообраќајната несреќа се ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, кој беше назначен за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Македонија во Италија во јуни минатата година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.