(ВИДЕО) Пожар во Струга, огнот забрзано се шири

Голем пожар избувна во понеделникот вечерта на регионалниот пат Струга – Калишта.

Пожарот беснее кај новиот пат што го врзува патот Струга – Калишта со патот што води кон пазарот, јавуваат локалните медиуми. Стружани споделуваат видеоснимки и фотографии од еколошката катастрофа.