(Видео) Пожари беснеаат во Англија, евакуируани цели села

290

Повеќе од 30 куќи се евакуирани во поширокиот регионот на Манчестер во северниот дел на Англија додека пожарникарите се борат со огнот, кој со денови, поради високите температури и ветер се шири низ ридовите во оваа област.

Локалната полиција изјави дека е загрозено подрачје во должина од шест километри, поради што се евакуирани 34 куќи во селото Кербрук, во западниот дел на зоната што го зафати пламен, пренесува Ројтерс.
Локалните училишта се затворени денес, а на жителите им се советува да останат во домовите и да ги затвораат прозорците и вратите.

Армијата е подготвена да обезбеди помош, доколку е потребно, соопшти полицијата.
Високите температури и ветерот во последните три дена предизвикаа ширење на пожарот, а полицијата соопшти дека размерите на пожарот, како и фактот дека го ограничи пристапот до руралните области го отежнале неговото гаснење. негативни последици по неговото исклучување.

Полицијата соопшти дека сè уште не ги утврдила причините за пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.