(ВИДЕО) Пожар го голта најпознатиот вински регион на светот

Шумските пожари повторно беснеат од вторникот попладне во југозападна Франција, при што се уништени 16 куќи и изгорени 6.000 хектари земја, а речиси 6.000 луѓе морале да се евакуираат од подрачјето веќе погодено од огромните пожари минатиот месец.

Франција, како и остатокот од Европа, се бори со топлински бранови и суша кои последните два месеци предизвикале бројни шумски пожари ширум континентот.

„Пожарот сега се прошири на департманот Ландес“, соопштиле локалните власти во лозарскиот департманот Жиронда, додавајќи дека се мобилизирани 500 пожарникари.

Жиронда во југозападна Франција во јули беше погоден од два шумски пожари во кои беа уништени повеќе од 20.000 хектари шума и евакуирани речиси 40.000 луѓе.

Пожари оваа недела имало и во други делови од земјата, еден во јужните департмани Лозере и Авејрон, каде веќе изгореле речиси 600 хектари и каде министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин треба да пристигне денеска.

Пожар има и во департманот Маин ет Лоир во западна Франција, каде изгореле 650 хектари, а 500 се загрозени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.