Пожар избувна во раните попладневни часови денеска во скопскиот Градски парк, каде што според очевидци се запалиле старите бараки на Судот за прекршици.
Станува збор за локација на територијата на општина Центар, на парцела на којашто е предвидена изградба на станбени објекти.
Пожарникарски екипи се на теренот со повеќе возила во напорите да спречат проширување на огнот на соседните објекти.
Засега нема никакви информации за настрадани