(ВИДЕО) Пожар во индустрискиот дел кај спортскиот центар во Тетово

48

Тетовските пожарникари интервенираат попладнево на пожарот што се случи на улицата „Љубо Божиновски-Пиш” во индустрискиот дел во близина на спортско-рекреативниот центар. Пожарот кој зафатил неколку монтажни објекти-бараки, во тетовската полиција е пријавен во 15 часот и 30 минути.

-На местото на пожарот испратени се служби на СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и причинетата материјална штета, информира Марјан Јосифоски порпарол на СВР Тетово.

Нема информации за повредени лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.