(ВИДЕО) Пожар во најголемиот Национален парк во Полска

Во полскиот Национален парк Бебзански изби пожар што зафати околу 6.000 хектари, односно десет отсто од површината на паркот.

Министерството за екологија на Полска соопшти дека пожарот најверојатно е предизвикан од земјоделци кои палеле трева, што е незаконски.

– Оганот не може да избие сам од себе, не е средина на лето, нема заггревање, ниту громови. Не знам како да го наречам тоа. Глупост? Неодговорност?, изјави директорот на паркот, Анджеј Григорук.

Туристички водич од паркот Анешка Зак изјави дека пожарот претставува голема трагедија за флората во паркот што цвета напролет.

– Можеби ќе мораме да се бориме со пожарот со месеци, истакна Зак.

Ситуацијата во паркот е отежната поради најлошата суша во последните децении што ја погоди Полска.

Националниот парк Бебзански се наоѓа во североисточниот дел на Полска, во близина на границата со Белорусија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.