(ВИДЕО) Пред гласњето погледнете го настапот на Васил Гарванлиев на евровизиската сцена

Васил Гарванлиев вечерва настапи како шести на евровизиската сцена во рамките на првата полуфинална вечер.

Македонскиот евровизиски претставник со моќен вокал ја изведе „Here I Stand“. Текстот на песната е негово дело, а тој се погрижи и за музиката заедно со Давор Јордановски и Борче Кузмановски.

Евровизијата, која е 65-та по ред, се одржува, во Холандија.

Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.

Финалето за оние кои ќе поминат во двете полуфинални вечери, ќе се одржи во сабота на 22 мај.