ВИДЕО: Премиерот Заев замина на одмор каков секој би посакал

Премиерот Зоран Заев, од денеска па до втроник ќе користи слободни денови, информираа од Канцеларијата на претседателот на Владата.

Читатели испратија до НетПрес видео запис, направен утринава во струмичко Ново Село, на кој се гледа како колона на возила и мотори минува низ селото. Читателите на НетПрес тврдат дека колоната се упатила кон граничниот премин со Бугарија. Информациите се дека Заев заминал за Бугарија за да вози мотор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.