ВИДЕО| Пренџов: Со Владата на СДСМ и ДУИ во дупка отидоа 752 милиони евра за само една година

За само една година, Владата на СДСМ и ДУИ ја чини Македонија 752 милиони евра, истакна во понеделникот опозицискиот пратеник Љупчо Пренџов од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ на денешната дебатата на собраниската седница.

„752 милиони евра, толку само за оваа година власта на ДУИ и СДСМ ја чини Република Македонија. За една година 752 милиони евра во дупка, во була. И немојте да ги манипилирате граѓаните дека враќате било какви кредити, бидејќи ова е со се вкалкулирано“, рече Пренџов.

Пратеникот иронизираше со планираната приходна страна во државната каса, истакнувајќи дека од друга страна, пак, двојно поголемите непродуктивни трошоци ќе направат голема буџетска дупка.

„Одлична вест е дека 10 милијарди денари ќе имаме поголеми приходи, но доколку не ја знаеме втората ставка, дека на 10 милијарди денари повеќе приходи од планираното  Владата троши 21 милијарда и 270 милиони од тоа што го планирала, што претставува огромна дупка во Буџето“, рече Пренџов.