Видео: Претепан градоначалникот на Солун

Јанис Бутарис денеска беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Тој првично бил исвиркан и навредуван заради некои негови ставови за Турција,  но и кон Пондите, и му било препорачувано да го напушти настанот, јавуваат грчки медиуми.

Во почеток Бутарис не реагирал додека некои од насобраната маса не почнале директно да му се закануваат, а некои не се двоумеа и да го нападнат.

Придружниците на градоначалникот го извлекоа од од местото за да го заштитат од разбеснетата толпа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.