(ВИДЕО) Престрелка во Амстердам, центарот блокиран

Престрелка се одвивала во центарот на холандскиот главен град Амстердам, објавуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, полицијата застрелала еден човек пред зградата на Централната банка, по сигнал дека вооружен шета низ центарот. Инцидентот се случил во 19:15 по локално време. Медицински екипи пристигнале на местото на настанот и се обиделе да му дадат прва помош, но тој починал.

Биле регистрирани повеќе од 20 истрели, а двајца случајни минувачи се ранети. Досега, холандската полиција не потврдува дали вооружениот отворил оган кон полицајците.

Централното градско подрачје на Амстердам во овие моменти е блокирано и се забележува зголемено присуство на припадниците на безбедносните служби.