(ВИДЕО) Прикажан „Ирецот“ на Скорсезе со Де Ниро и Ал Пачино во главните улоги

Филмот на Netflix под наслов „Ирецот“ (The Irishman), кој го режираше славниот Мартин Скорсезе, со исто така славните холивудски ветерани Роберт Де Ниро и Ал Пачино во главните улоги, премиерно во петокот е прикажан на Њујоршкиот филмски фестивал.

Филмот кој се занимава со гангстерското милје трае 3 часа и 29 минути, снимен е на 117 различни локации, а буџетот изнесувал 160 милиони американски долари.

Скорсезе и Де Ниро, чијашто соработка започнува со филмот „Улиците на злото“ од 1973 година и кој ги прослави и двајцата, уште пред 12 години започнале да ја планираат филмската адаптација на книгата „I Heard You Paint Houses“ на Чарлс Бранд.

„Коцките се наместија. Не можевме да добиеме поддршка, немаше начини, со години“, изјави Скорсезе за новинарите по премиерата на филмот.

Имено неколку продукциски куќи го одбиле овој проект, пред да го прифати Netflix.

„Ирецот“ е прекар за Франк Ширан, чиј живот е опишан во книгата, според која е направено сценариото.

Ликот на Ширан, кој наводно убил повеќе од 25 луѓе по наредба на шефот на мафијата Расел Буфалино (го игра Џо Пеши), го толува Роберт Де Норо, додека возачот на камиони и синдикалниот лидер Џими Хофа, го глуми Ал Пачино.

Теехнологијата која ја развила компанијата „ Industrial Light & Magic“, која ја основа Џорџ Лукас, е користена филмот за „подмладување“ на актерите. Така, 76-годишниот Де Ниро го глуми Ширан од неговата 34-та година, односно од 1955 до смртта во 2003 година, на 83-годишна возраст.

Филмот ќе биде прикажан во лимитиран број американски кино-сали од 1-ви ноември, додека на Netflix ќе биде достапен од 27-ми ноември. „Добри момчиња“, „Казино“ и „Покојни“ се познатите гангстерски филмови на Скоресезе,а во првите два Де Ниро и Пеши ги толкуваа главните ликови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.