(ВИДЕО) Принцот Хари паднал од коњ

Принцот Хари паднал од коњот додека играл поло во Калифорнија.

37-годишниот татко на две деца по незгодата успеал да застана на нозе и да продолжи со натпреварот во клубот во Санта Барбара.

На видеото се гледа како војводата од Сасекс е исфрлен од неговиот коњ на земја додека другите играчи му приоѓаат за да му помогнат ако е потребно.

Според британските медиуми, Хари продолжи да игра со друг коњ.

Ова не е првпат Хари да падне од коњ за време на игра. Слично нешто му се случило во 2015 година за време на игра на хуманитарен настан.