ВИДЕО| Привремено запрено уривањето на куќата на Мерилин Монро

По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд – луксузен дел од Лос Анџелес.

Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците – креативната интернет-страицата Glory of the Snow Trust, побарале дозвола да ја урне култното здание во шпански колонијален стил, објави The Los Angeles Times.

„Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција… Но, за жал, Секторот за градежништво и безбедност издаде дозвола за уривање пред мојот тим и јас да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање“, рече Парк непосредно пред седницата на Градското собрание во петокот.

 

Парк се обрати најавувајќи предлог за разгледување на статусот на домот на американската пејачка и глумица како историски споменик на културата.

„Денеска сум тука со вас како чувар на областа во којашто се наоѓа последната резиденција на Мерилин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град“, рече Парк.

Предлогот претставен пред Советот бара итен почеток на разгледување домот да биде прогласен за историски и културен споменик. Натаму се наведува дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на куќата, но оти треба да се проценат историските и културните вредности на имотот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.