(ВИДЕО) Продолжуваат тензиите во Будва: Граѓаните тргнаа кон полициската станица, па …

Во Будва  вечерва околу 18.30 часот повторно дојде до пораст на тензиите. Граѓаните тргнаа кон полициската станица, но специјалнта полициска единица повторно излезе. Меѓутоа, тие на повик на свештеникот Мијајло Бацковиќ, се вратија назад пред зградата на Општина Будва.

Насобраните чекаа синот на градоначалникот Марко Царевиќ од полициската станица да биде одведен во Обвинителството во Котор.

Меѓу насобраните се и градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент Крсто Радовиќ, кои претходно попладнево се пуштени на слобода, објавија Вијести.

Присутните извикуваат „фрлете ги штитовите“, „стана Црна Гора, светиите мора да се бранат“, „Мило крадецу“ и „усташи“.

Бацковиќ ги повика насобраните да се повлечат, зошто во станицата повеќе не е Милан Царевиќ, синот на Марко Царевиќ, и дека сега е проблем со „узурпацијата на општината“.

– Имаме иста цел, мораме да останеме овде којзнае колку време. Вечерва ништо не се решава, рече меѓудругото Бацковиќ.